Се ожени актерот Драган Спасов - Дац: Весна ми приреди несекојдневно изненадување

20 април 2022

Актерот Драган Спасов Дац се ожени вчера, со својата долгогодишна партнерка Весна Терзиевска.

Убавите вести ги сподели и на социјалните мрежи, велејќи дека воопшто не претпоставувал дека венчавката ќе се случи токму за неговиот роденден.

„Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување.

Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа званично стапивме во брак.

Фала на сите, посебно на мојата лавица.
Весна, те сакам бескрајно!“, стои во неговата објава со фотографија на која се гледа дел од атмосферата.

На фан-страната на Александар Митевски и Дац е објавено и видео со радосните моменти.

Инаку, неодамна и Весна го прослави својот јубилеен 50 роденден, а во интимна и романтична атмосфера, Дац ѝ пријателите ѝ приредија незаборавна забава.

 Честитки! ♥

Објавено:
20 април 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
8.982 пати