Која е разликата помеѓу органски и класичен памук?

21 април 2022

На декларациите честопати среќаваме дека нешто е направено од 100% памук, а нешто од 100% органски памук.

Можеби сте се прашале во што е разликата, а во продолжение ќе ви проследиме едноставен одговор на прашањето.

Вообичаеното производство на памук е со пестициди за уништување на штеточини. Една студија вели дека дури 16% од пестицидите во светот се користат на памукот. Тие понатаму влијаат врз водата, здравјето на почвата, биолошката разновидност во многу делови на светот каде одгледувањето памук е мошне развиена гранка.

Од друга страна, органскиот памук е оној кој се одгледува без употреба на синтетички ѓубрива и пестициди и се практикуваат еколошки земјоделски практики. Органскиот памук троши и помалку вода. Ако класичниот, односно традиционалниот бара во прослек 2200 литри за производство, органскиот користи само 182 литри за наводенување.

Постои и таканаречен Fairtrade памук, како производ на организацијата „Fairtrade International“, насочена кон производи и одгледувачи на памук кои ги креваат еколошките пракси во производството. Тие работат заедно со одгледувачите, за да го запрат или намалат користењето на штетните пестициди и ѓубрива.

Во некои региони, „Fairtrade“ им дава на земјоделците ресурси потребни за прилагодување на климатските промени. Како дел од програмата, полињата со сертификат за „Fairtrade“ во западна Африка и Индија се наводенуваат со дожд наместо со вода од систем за наводнување. На тој начин земјоделците трошат помалку од својата вода. 

Стандардите за ваквиот начин на производство забрануваат и користење на GMO семиња.

Извор: Treehugger.

Објавено:
21 април 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
815 пати
Извор: 
24sata.hr