(ВИДЕО) „Ранливи“ - ново музичко парче од младата Сара Гигова

4 мај 2022

По одличната „Ладно лето“ која ја објави пред неколку месеци, младата и талентирана пејачка Сара Гигова овојпат ја објавува новата тема со наслов „Ранливи“.

Станува збор за одлична балада привлекува внимание уште на прво слушање, а како за претходната, така и за оваа како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски.

Младата Сара, која ја сметаат за една од најталентираните кои се појавиле на нашата музичка сцена во последно време, вели дека многу верува во оваа песна.

„Со нетрпение го очекував овој ден, бидејќи ја обожавам песната. Да бидам искрена неколку мои најблиски веќе многу поодамна ја слушнаа „Ранливи“ и морам да признаам дека ме израдуваа нивните први реакции. Се надевам дека јас, Лазар и Ена сме направиле песна која ќе допре до многумина“ - вели младата Гигова.

И за оваа песна за видеоприказната соработуваше со режисерот Ѓорѓи Вацев. Покрај Сара, во спотот се појавува и моделот Христијан Стојаноски.

Слушнете ја новата песна:

 

Објавено:
4 мај 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
92 пати