Кејт Мидлтон во фокусот: Прекрасна во елегантен фустан

5 мај 2022

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ја имаше честа вчера да ја додели традиционалната модна награда насловена според Кралицата Елизабета, која секоја година се доделува за најдобар Британски дизајн, а е во организација на Британскиот моден совет.

Овојпат добитник на престижното признание беше дизајнерот на машка облека, Соул Неш, кој исто така е добитник и на наградата Woolmark 2022 која се доделува на дизајнери за користење на познатата Австралиска Мерино волна.

За приликата, Кејт изгледаше женствено во елегантен миди фустан, дизајн на канадската креаторка Еделајн Ли.

Суптилниот крој на фустанот ја следи витата силуета на војвотката, а струкот е нагласен со ремен, што му дава дополнителна доза на елеганција на целиот изглед.

Доколку направите ретроспектива на нејзиниот стил, ќе забележите дека токму фустани со ваква структура се најчест ( а и вистински добар) избор на Мидлтон.

Објавено:
5 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.143 пати
Тагови: 
Кејт Мидлтон