Жолти фустани мега популарни на Гугл - откако ги носеа Кејт Мидлтон и Ен Хатвеј

13 јуни 2022

Дури за 140% се зголемило онлајн пребарувањето со клучни зборови: жолт фустан, откако неодамна во жолти фустани во јавноста се појавија војвотката Кејт Мидлтон и актерката Ен Хатвеј.

Според податоците на Google Trend, откако пред една недела војвотката од Кембриџ на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, се појави во елегантен жолт фустан на дизајнерката Емилија Викстед, а истиот период Ен Хатвеј на гала настан облече комбинација во лимон жолта боја од Валентино, вртоглаво пораснал процентот на пребарувања на Гугл со клучен термин „жолт фустан".

Земајќи ја оваа информација предвид, модните аналитичари потврдуваат дека оваа боја се издвојува како една од најпопуларните за летово, меѓу другото благодарение и на модното влијание на двете дами.

Ова не е изненадување, особено кога Кејт Мидлтон е во прашање. Многу често се случувало само за неколку часа да се распродаде дизајн што таа го носела на себе, особено ако е од попристапен бренд.

И како потврда за популарноста на жолтата боја оваа сезона, е нејзината сеприсутност од уличната мода до црвениот килим.

Периодов за специјални прилики во фустани во жолти нијанси во јавноста се појавија и Хелен Мирен, Ева Лонгорија, Лејди Гага...

Фото: Daily Mail

Објавено:
13 јуни 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
582 пати