Меган Маркл прекрасна во сино за прв пат по раѓањето на синот Арчи!

8 јуни 2019

Само четири недели по раѓањето на синот Арчи, војвотката од Сасекс, Меган Маркл за прв пат се појави во јавноста во друштво на кралското семејство со коe беа дел од парада во чест на роденденот на кралицата Елизабета.

Заедно со нејзиниот сопруг Хари, Камила и Кејт Мидлтон од кочијата со која се возеа ја поздравија насобраната толпа луѓе низ улиците.

Ова е всушност второ појавување на војвотката, ако се смета она кога и официјално на светот му го покажаа нивното новороденче, бебето Арчи заедно со нејзиниот сопруг, принцот Хари.

За разлика од минатата година кога таа се појави во розова креација со откриени рамена и шапка во иста боја, годинава одбра темно син фустан и палто во иста нијанса одозгора, украсено со копчиња во предниот дел, мини чантичка и стилска шапка со украс од страната.

Неодамна, таа кажа дека едвај чека да им се врати на кралските обврски, па се чини дека отсега ќе ја гледаме многу почесто. Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон се врати во јавноста само пет недели по раѓањето на принцот Џорџ.

Инфо и фото: Daily mail

 

 

Објавено:
8 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
9.797 пати