Кејт Мидлтон премиерно на годинешниот Вимблдон елегантна во фустан со точки

6 јули 2022

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера премиерно се појавија на годинешниов Вимблдон на мечот помеѓу Британецот Камерон Нори и Белгиецот Давид Гофан.

Покрај тоа што важи за еден од најетаблираните тениски турнири, Вимблдон е секогаш е интересен да се анализира и од стилски аспект кога е во прашање публиката, особено кога британското кралско семејство е во фокусот.

Кејт Мидлтон речиси и да нема модно промашување на овој настан. И за премиерното појавување на годинешниов гренслем-турнир, таа одбра проверена комбинација – елегантен, миди фустан со точки, дизајн на нејзината омилена британска креаторка Алесандра Рич.

Во крој што совршено ѝ прилега, а се потврдило многупати досега, во впечатлива сина боја Кејт Мидлтон уште еднаш ги освои симпатиите на модната јавност.

Принтот со точки многу често може да се види како нејзин моден избор, па воопшто и не беше изненадување што за оваа прилика одбра токму таков модел, а го комбинираше со бела чанта со кратка рачка и бели чевли на високи потпетици.

Во продолжение издвоивме уште неколку впечатливи модни комбинации со точки од плакарот на војвотката од Кембриџ, што ги потврдуваат нејзините симпатии за овој принт.

Фото: Vogue

 

Објавено:
6 јули 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
604 пати