Блејк Лајвли е новиот амбасадор на Лореал Париз

31 октомври 2013

Прекрасната американска актерка Блејк Лајвли, ѕвезда на хит серијата „Gossip Girl“ е именувана за нов амбасадор на козметичкиот бренд Лореал.

Таа и се придружи на манекенката Лара Стоун која релативно скоро беше именувана за амбасадор на овој бренд.

На овој начин, Лореал продолжи со својата пракса на ангажирање на ВИП личности за амбасадори на својот бренд, по прекрасната Бијонсе, Ева Лонгорија, Џулијан Мур и манекенката Доцен Крос.

Козметичкиот гигант оваа вест ја сподели со своите фанови на Инстаграм профилот.

„Многу сме возбудени што можеме да ви ја пренесеме среќната вест дека прекрасната и талентирана Блејк Лајвли е новиот амбасадот на Лореал Париз! Дефинитивно, таа е ѕвезда која заслужи да и посакаме топло добредојде во нашиот тим“, напишаа официјални лица од брендот на Инстаграм.

Блејк Лајвли облечена во креација од последната колекција на Балман Блејк Лајвли облечена во креација од последната колекција на Балман

Шармантната актерка ја сподели својата возбуда со нејзините фанови во изјава за францускиот Вог.

„Огромна е честа да му се придружиш на ваков реномиран бренд и семејство на неверојатни амбасадори. Тие не се само преубави, тие се жени со моќен став! Тие пеат, глумат во значајни филмови и не се воздржуваат да го кажат јавно своето мислење. Самата помисла дека ќе бидам дел од тој клуб, прави да се чувствувам како да сум во некоја магична приказна“, изјави Лајвли.

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Сцена