Украина е победник на годинашната „Евровизија“

15 мај 2022

Новиот победник на „Евровизија“ е Украина. После драматичното гласање и трката помеѓу нив и Велика Британија, победата сепак им припадна на Украинците „Клауш оркестра“ и песната „Стефаниа“.

Гласовите на жири-комисијата од 40 земји и оние од публиката не беа баш компатибилни, но сепак гласовите на публиката пресудија.

Од Италија, музичкиот фестивал се сели во Украина.

Водителите испратија порака за мир, нагласувајќи дека токму музиката е мирот.

Србија во еден момент благодарение на гласовите на публиката го имаше првото место, но заврши како петто пласирана, но беше наградена за Најдобар уметнички перформанс и второ место за песна со најдобар текст.

Објавено:
15 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
870 пати