Почина славниот композитор Вангелис

20 мај 2022

Познатиот грчки музичар, продуцент и композитор Евангелис Папатанасију - Вангелис, почина во вторникот во 80 година од животот, пренесуваат грчките медиуми.

Вангелис во 1981 година освои Оскар за најдобра оргинална музика за филмот „Charitos of Fire“, а се потпишува како композитор на музиката за познати филмски остварувања меѓу кои „Blade Runner“ (1982), The Bounty (1984), Antarctica (1983), 1492: Conquest of Paradise (1992).

Роден е на 29 март во 1943 година во Атина. Интересот за музика го развива во четвртата година од животот, компонирајќи на семејниот клавир. Експериментирал со звуците, ставајќи шајки и кујнски тегли внатре во клавирот.

Родителите го запишале во музичко училиште, но тој никогаш не го завршил.

Статистиките велат дека во текот на кариерата, напишал и компонирал околу 60 албуми, а музичките критичари го сметаат за еден од најголемите композитори на електронската музика на сите времиња.

Инаку, професионалната кариера ја започнува во 60-тите, во соработка со рок бендови. 

Во текот на 70-тите пак, со Џон Андерсон објавуваат неколку албуми под името „Џон и Вангелис“.

Во 1992 година од Франција добива Орден за придонес во областа на уметноста.

 

 

Објавено:
20 мај 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
486 пати