Време е за шопинг! Огромни летни попусти во ЕЛЕНА ЛУКА

1 јули 2022

Време е за летно шопинг освежување.

ЕЛЕНА ЛУКА денеска ја започнува кампањата „MID SEASON SALE" преку која добивате огромни попусти на најтрендовските дизајнерски парчиња од женските и машките линии на етаблираниот бренд.

Од денеска до 31 јули – на располагање ви е цел месец шопинг уживање со одлични цени на уникатни дизајнерски парчиња.

Вашите омилени ЕЛЕНА ЛУКА уникати, само овој месец се достапни со ексклузивен попуст од 30% до 50%.

Сега е вистинско време да си го одберете вашиот фаворит од луксузните свечени комбинации за посебната пригода која ви претстои или едноставно да се подновите со ултра модерни и елегантни деловни сетови за на работа.

Доколку пак сакате да го надополните вашиот гардеробер со летни парчиња со уникатен дизајн, не двоумете се да одберете некој од дамските фустани, романтичните комбинации со здолништа и кошули или популарните ленени сетови. ЕЛЕНА ЛУКА не ги заборава ниту оние кои преферираат спортска естетика, па во нејзината понуда ќе наидете на впечатливи и удобни полежерни комбинации.

Не заборавјате и на деталите. ЕЛЕНА ЛУКА во својата фантастична палета на производи, ви нуди дизајнерски чанти, чевли, марами и накит, за комплетен стилски впечаток.

Со еден клик на www.elenaluka.com започнува летното шопинг уживање. Попустите важат и во ателјеата на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
1 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
344 пати