Хуго Бос ги откупи „мартинките“

2 ноември 2013

martinke

Европскиот инвестициски фонд Permira, сопственик на брендовите Хуго Бос и Валентино, го откупи легендарниот британски бренд за обувки Dr Martins и тоа за нешто повеќе од 350 милиони евра.

Трансакцијата подразбира и преземање на мал погон на северот на Велика Британија, каде се уште се произведуваат ограничени серии на „мартинки“, а остатокот од производството, почнувајќи од 2003 година е преселен во Азија.

Странските медиуми наведуваат дека ова е историски момент за британската компанија, која во 1960-тата година ја основаа германскиот лекар Клаус Мартинс и британскиот индустриалец Бил Григс, која подоцна ја презема семејството Григс.

Првобитно, германскиот лекар оваа обувка ја замисли како ортопедска, дополнета со водушно перниче, но тој модел подоцна е редизајнниран во нешто помодерна верзија, која ја воодушеви широката клиентела во 1970-тите и 1980-тите години, од англиските полицајци и панкери, до рок ѕвезди.

Компанијата Dr Martins веќе неколку години бележи раст, а минатата година продажбата скокна за 45 процента, на 160,4 милиони фунти, односно 187,8 милиони евра.

Оперативниот профит порасна од 15 милиони на 35 милиони евра, додека неговата очекувана вредност за 2013 година е околу 50 милиони евра.

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Актуел