Седум совети за обожавателките на темните кармини

2 ноември 2013

Ако сте обожавателка на темен кармин оваа сезона, тогаш ние ги имаме вистинските совети и правила за вас за тоа како да го носите истиот. Темниот кармин секогаш мора да одговара со вашиот целосен изглед, затоа одвојте малку време и запознајте се со следните правила.

1. Темниот кармин носете го во есен и зима и само за вечерни излегувања

Оставете го вашиот омилен кармин за студените денови и за вашите вечерни излегувања. Темниот кармин секогаш бара од вас соодветни комбинации на облека. Темнозелената или црвената боја совршено ќе ви прилегаат ако се одлучите да ставите темен кармин.

2. Изберете ја нијансата што најмногу ви одговара

Најдобрите бои за оваа сезона се темно розовата, кафената, темно црвената и темно сината за похрабрите. Ако имате светли очи, најдобро ќе ви прилега темно розов кармин, а ако имате потемни, ставете кармин во бордо боја.

Карминот во темно сина боја можат да го носат и жените со потемна и посветла боја на кожата, а истиот е секако за најхрабрите.

3. Секогаш пред да го купите, прво пробајте го карминот

Кога ќе ви се допадне некоја нијанса на кармин, прво пробајте го. Со вас понесете памучно стапче, земете малку од страната и нанесете го на усните. Ако истиот ви стои добро, односно прави да се чувствувате убаво и да не изгледате уморно, тогаш тој е вистинскиот за вас.

4. Нанесувајте го карминот со четкичка

Карминот најдобро изгледа кога на усните го нанесувате со четкичка. Ставајте го внимателно полнејќи ги линиите на усните и не претерувајте.

5. Моливот за усни нанесете го по ставањето на карминот

Откако ќе го ставите карминот за усни, дури потоа ставете го моливот и тоа секогаш во иста нијанса. Темниот молив за усни може да биде во потемна нијанса од карминот, па затоа секогаш прво ставајте го карминот.

6. Не ставајте сјај за усни

Нема ништо лошо во тоа да ставите сјај за усни за да ги истакнете истите, но кога станува збор за кармин во темна боја, избегнете го сјајот. Сјајот може и да ја размачка темната боја, а тоа во никој случај не е убава глетка. Ако сепак сакате да ставите сјај, ставете го на средина од усните.

7. Носете го самоуверено

Темниот кармин е храбар потег и истиот е доста впечатлив. Сите очи во просторијата каде што ќе се појавите ќе бидат вперени кон вас и затоа треба да знаете да го носите самоуверено, како да поседувате се што се наоѓа во таа просторија.

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам