СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Понеделник во сиво одело и акценти во енергични бои
•
5 септември 2022
Добро утро!
Го започнуваме првиот септемвриски понеделник во елегантна и едноставна комбинација која совршено прилега на секоја канцелариска работа или денски формален настан. Сиво класично одело во спој со пастелно розов топ и модни додатоци во енергични бои, како жолти високи потпетици и зелена елегантна зелена чанта, внесуваат доза разиграност во оваа формална комбинација, додека пак впечатливиот златен накит му додаваат беспрекорно класичен тон на целосниот изглед.
Уживајте во денот!