СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Понеделник во бела романтична кошула и кратки пантолони
•
22 август 2022
Добро утро!
Работната недела ја започнуваме со комбинација која ја брише строгата граница помеѓу романтичната елеганција и неформалното. Оваа бела кошула со волуменозни ракави и карнери ја одредува романтичната нота на денешниот изглед кој го надополнуваме со беж кратки панолони со шолти акценти со цел да се внесе лежерна свежина.
Очилата за сонце со златни рамки, сандалите со златни синцирчиња и кожната луксузна чанта со златни елементи го комплетираат изгледот со дополнителна елегантна нота.
Уживајте во понеделничкото утро!