Младиот француско-американскиот актер кој на филмската публика ѝ е најмногу познат по своите импресивни улоги во „Call Me Be Your Name„ и „Dune", Тимоти Шаламе, повторно го освои вниманието на јавноста, но овој пат со неговиот најхрабар изглед досега, презентиран на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал.
На 2 септември, Шаламе пристигна на црвениот тепих во Венеција за премиерата на новиот филм на Лука Гвадањино, „Bones and All" (канибалистичка романса каде глуми заедно со Тејлор Расел), облечен во црвена комбинација која вклучуваше и светкав црвен халтер топ, потпишана од неговиот омилен дизајнер Хајдер Акерман, во спој со прстени од Картие и пар каубојски чизми и Воала.
View this post on Instagram
Голиот грб на Шаламе предизвика бурни реакции кај м ногумина кои го следеа 79-тото издание на Венецискиот филмски фестивал и голем број позитивни коментари кои ја поддржуваат храброста на младиот актер да си игра со родовите кодови. Со овој андроген избор, Тимоти Шаламе смело ги испитува и пренасочува стереотипи и архетипите на кои жените се предмет до ден денешен.