Дваесетгодишната струмичанка Славица Ангелова ги освои членовите на жирито на балканското музичко шоу ,,Ѕвездите на Гранд" со своите одлични интерпретации на песните „Брод што тоне" од Тамара Тодевска и „Хајде мала доџи" од Парни Валјак.
Таа ги доби сите можни гласови од жирито во првиот круг а за ментор го избра Џоле.
„Се двоумам меѓу Џоле и Марија. Тешко е многу, многу ми е тешко... Го избирам Џоле" – кажа Славица, а Ѓорѓе Давид (Џоле) не го криеше своето задоволство што таа го избра баш него за ментор.
За приликата, младата пејачка беше стилизирана во црна свечена тоалета со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА. Фустанот се карактеризира со едноставен и софистициран крај и набрана ткаенина која ја истакнува средината на предниот дел, доделка пак впечатливите аголни раменици помагаат да се истакне половината, креирајќи елегантна силуета која ѝ се додоворува на женската линија.
View this post on Instagram
Фустанот е збогатен со горен слој од тул кој нуди илузија на долги ракави и макси должина.
Славица Ангелова е студент по медицина а своевремено беше дел од шоуто ,,Некои нови клинци" на Гранд продукција.
Во рподолжение погледнете како изгледаше нејзиниот настап.