Подготвена за светска сцена: Славица Ангелова импресионира во стајлинг на ЕЛЕНА ЛУКА

30 јануари 2023

Со своите настапи на актуелното регинално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд", талентираната струмичанка Славица Ангелова воодушевува одново и одново. Покрај раскошниот глас што веќе ја издвојува како еден од фаворитите, Славица секогаш изгледа комплетно и светски на сцена. Уште од самиот почеток на шоуто таа соработува со нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА, евидентно по секогаш совршено направениот стилски избор што импресионира на грандиозната сцена. Така Славица ги освојува симпатиите на жирито и на публиката и со својот глас и со комплетниот сценски имиџ.

Следниот нејзин настап ќе го гледаме на четврти февруари, а во меѓувреме Славица на нејзиниот Инстаграм профил ни откри како ќе изгледа.

...И слободно може да си дозволиме да прокоментираме дека ќе изгледа како светска ѕвезда. ЕЛЕНА ЛУКА специјално за овој сценски настап осмислиле целосен концепт што во исто време перфектно ѝ прилега на талентираната Славица, а е стилски моќен и впечатлив за да завладее со импозантната сцена.

Се работи за ултра модерен дводелен сет, транспарентна бела кошула и здолниште со висок струк и висок шлиц, комбинација во која се пресретнуваат младешкиот дух и безвременската елеганција. За да биде уште поатрактивен, овој аутфите е надополнет со корсет од префинета, бела тантела.

Полн погодок!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

Објавено:
30 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.143 пати