Како изгледаше спектакуларната ревија на Сен Лоран на финалето на светскиот куп во 1998

23 декември 2022

На 12 јули, 1998 година, Франција ја понесе титулата светски првак во фудбал, откако го победи Бразил во финалето со 3:0.

Но, пред тоа да се случи, на познатиот Stade de France, продефилираа 300 модели во чест на 40 годишнината од кариерата на Ив Сан Лоран.

Брендот кој што го дефинира францускиот луксуз, направи спектакуларно шоу за паметење, кое што го гледаа 1,7 милијарди луѓе ширум светот.

За модното дефиле да биде совршено изведено, заслужни беа 900 луѓе во бекстејџот, 4000 вработени на стадионот и секако 130 незаборавни креации.

Пистата по која се чекореше изгледаше како небо, а моделите гордо презентираа шест тематски модни лиини, она што модната куќа создала од 1958 година па наваму.

Помеѓу супермоделите кои ја имаа ретката можност да бидат дел од ова историско шоу беа Карла Бруни, Летиција Каста, Адријана Карембеу и Ноеми Ленор.

Еве како сето тоа изгледаше:

Фото: Vogue/Getty

Објавено:
23 декември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
290 пати