Балканот тагува...
По кратко боледување, почина големиот хрватски музичар Масимо Савиќ во 61-та година од животот. Тажната вест ја потврди и Aquarius Records, како и неговото семејство.
"По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и Мирна", гласеше објавата до јавноста на неговата сопруга и ќерка.
Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а завршил гимназија во Загреб, каде ја започнал својата музичка кариера.
Во 1983 година како водач на легендарната група „Доријан Греј" го издава првиот албум „Сјај во темнина", а две години подоцна и вториот албум „За твоите очи". Бендот се подели во 1986 поради финансиски проблеми.
По распадот на групата започна со успешна независна кариера и објави четири албуми во соработка со Зринко Тутиќ.
Савиќ починал рано утринава во болница каде се лечел од рак на бели дробови.
Foto: Fan page Masimo Savic