Памела игра главна улога во божиќната кампања на Жакемус низ париските улици

28 декември 2022

Жакемус, француската модна куќа на младиот дизајнер Симон Порт Жакемус, за потребите на својата божиќна кампања, ја ангажираше кралицата на сексапилот Памела Андерсон.

Брендот е препознатлив по своите вирални објави и умее да го привлече вниманието, а токму тоа го направи и со познатата актерка на својот Инстаграм профил.

Во видеото ја гледаме Памела во бел фустан со драматичен шешир од колекцијата Le Raphia, односно истиот аутфит што го носеше за време на шоуто пред неколку недели.

Жакемус направи и цел едиторијал со холивудската икона - Памела чекори низ улиците во розова тоалета,  беж комплет, црно одело и фустан прекриен со пердуви.

 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JACQUEMUS (@jacquemus)

Објавено:
28 декември 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
347 пати