Како носиме бохо фустан во зима – по примерот на кралицата Летиција

13 јануари 2023

Шпанската кралица Летиција важи за една од најдобро облечените жени во јавниот живот, но еден клучен момент што го прави карактеристичен нејзиниот стил е тоа што често имплементира парчиња од комерцијални, „high street" етикети. Затоа неретко, комбинациите што таа на себе ги носи, за кратко време се распродаваат.

Уште еден пример за складен спој на елеганција и пристапни цени, таа прикажа деновиве, кога во женствена зимска комбинација имплементираше романтичен бохо фустан од шпанската модна куќа Манго.

Го комбинираше со класичен макси бел капут на врзување и високи црни чизми, со што крајниот впечаток е една безвременска комбинација која по својата естетика лесно може да се прилагоди во стилот на секоја дама.

Ако се сомневавте дека бохо лелеав фустан може да си го најде своето место и во зимска комбинација, веројатно кралицата Летиција со својот пример ќе ве убеди.

Фото: Блог/Кралица Летиција

Објавено:
13 јануари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
687 пати