Ен Хатавеј во леопард принт на модната недела во Париз

27 јануари 2023

Протагонистката на култниот филм The Devil Wears Prada, Ен Хатавеј се појави во леопард принт и потврди дека овој ултра секси тренд се враќа.

Овој look e само еден од многуте што актерската одлично знае да ги носи, а истото го мислеа и присутните на ревијата на Валентино за време на неделата на висока мода во Париз.

Ен гордо парадираше во мини фустан и хулахопки со кристали целосно во леопард принт. Високите потпетици како да се спојуваа со хулахопките, а целиот изглед го дополни и чантичка исто така во леопард принт.

Актерката го посети модното шоу заедно со нејзиниот сопруг Адам Шулман, кој изгледаше софистицирано во сиво-црна комбинација.

За модниот камелеон Хатавеј секогаш да изгледа добро, во голема мера е заслужна нејзината стилистка Ерин Волш.

Фото: Vogue

Објавено:
27 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
625 пати