Модната креаторка Стела Меккартни вчеравечер беше одликувана со специјално признание за придонес во одржливата мода од страна на новокрунисаниот крал на Велика Британија Чарлс III.
Признанието кое што е познато како CBE (Commander of the Order of the British Empire) претставува едно од највисоките одликувања, покрај витешкото, што еден крал може да го додели.
Ќерката на легендарниот Пол Мекартни за оваа посебна пригода носеше рачно скроен, тегет фустан, изработен од Nativa, обновлива волна.
Стела го комбинираше својот стајлинг со сатенски салонки и чанта, исто така од нејзината колекција на вегански материјали.
Освен ова признание модната дизајнерка се има закитено со уште едно одликување наречено Орден на Британското царство, којшто ѝ беше врачен директно од кралицата во 2013 година.
View this post on Instagram
Фото: Instagram