Данијела Димитровска инспирира со својот тренди стајлинг

13 февруари 2023

Данијела Димитровска е српска манекенка, со македонско потекло и сопственичка на модна агенција.

Нејзината кариера како модел започнува во 2004, кога на 16 години победува на Elite Model Look во Србија.

Оттогаш во нејзиното модно порфолио се вклучуваат ангажмани за Вера Ванг, Бенетон, Кристијан Лакроа, Марела, Миу Миу, Луи Витон и Армани.

Во 2009 таа беше избрана за еден од моделите кои го промовираа брендот Victoria's Secret. Две години подоцна Данијела основа сопствена модна агенција Models Inc. заедно со манекенката Марија Вујовиќ и модниот агент Мирјана Удовичиќ.

Од 2012 па наваму агенцијата го организира Elite Model Look изборот во Србија Црна Гора.

Убавата моделка е поранешна жена на познатиот српски пејач и водител Огнен Амиџиќ. Со него беше во брак 10 години и заедно имаат еден син.

Данијела на својот Инстаграм профил воодушевува со интересни стајлинзи кои што можат да ве инспирираат во секое годишно време.

Денес одбравме неколку од нив.

Објавено:
13 февруари 2023
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.645 пати