Робин Лоувли е „plus size“ модел и е неверојатно секси!

8 ноември 2013

 

Светот на „plus size“ моделите ретко кој успеа да го разбранува како што тоа го направи Робин Лоувли. Со секое ново интервју или фотосесија оваа австралиска бринета успева се повеќе и повеќе да ја засили сликата за важноста на здравиот изглед, а најдобра промоција за оваа идеја е токму телото на оваа убавица.

 

 

На најновите фотографии кои Робин ги сликаше специјално за австралиски „Космополитен“, можеме да ја видиме во различни модели на костими за капење, од бикини, па се до винтиџ дизајни. Робин е првата Plus size модел кој Ралф Лорен ја избрал за својата ревија. Овој е нејзин втор бикини едиторијал за австралиската едиција на популарниот „Космо“, а неодамна заблеска и во едиторијалот за австралиското издание на магазинот „GQ“.

 

 

„Не сакам да ме препознаваат по моите облини и тоа да го користат како дефиниција која ќе ја објаснува мојата личност. Мислам дека тоа не би ја оправдало поентата која сакам да ја истакнам, работејќи ја оваа работа“, вели Робин за Гардијан.

Фотографиите се дел од последниот едиторијал сликан за „Космополитан“.

 

 

 

 

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Сцена