Неверојатен дворец од глина во хармонија со природата

20 февруари 2023

Романија е позната по дворци, особено кога се поврзани со грофот Дракула и разните легенди за неговото постоење. Но, нашето внимание овојпат го привлече малку поинаква градба – дворец од глина кој што изгледа како да е излезен од бајка.

Неговото целосно име е Castelul de Lut Valea Zânelor што во превод би значело Глинен дворец во долината на самовилите.

Оваа интересна градба се наоѓа во селото Порумбаку де Сус во округот Сибиу во Романија. Дворецот е сместен во подножјето на планината Фагараш, која што го има вториот највисок врв во земјата.

Можеме со право да кажеме дека местенцето е одлично за бегство од стресното секојдневие. Глинениот дворец и сè што е во него е изградено исклучиво од природни материјали, како дрво, глина и камен.

Внатрешноста е опремена со природни и рачно изработени предмети, а вклучува дневен престој, кујна и спални соби. На располагање на посетителите се десет соби и две засебни кули. 

Секоја од десетте простории во дворецот има посебен влез, уникатен облик и дизајн. Освен тоа гостите со себе можат да понесат и некои од рачно изработените сувенири од природни материјали.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Daniela S. (@dana._.stev)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vasile Razvan (@castelul.de.lut)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Daniela S. (@dana._.stev)

Објавено:
20 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
187 пати