Парис Хилтон ги сподели првите фотографии од бебето

24 февруари 2023

Новопечената мама, Парис Хилтон, ги сподели првите фотографии од нејзиното синче, Феникс Барон Хилтон Реум.

Парис, 42, и нејзиниот сопруг Картер Реум го добија бебето преку сурогат мајка во јануари годинава.

На фотографијата познатата наследничка на гигантот Хилтон позира во бела наметка со малиот Феникс во рацето и нежно го бакнува по образот.

Бебето е исто така облечено во бело и носи капче со истата боја.

На другата фотографија е целото семејство, Парис го држи синчето на рамо, а гордиот татко ја бакнува мајката на челото.

Средното име на бебето е во чест на дедото на Парис, кој што таа од секогаш го сметала за голема инспирација и поддршка.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Фото

Објавено:
24 февруари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.079 пати