Моден водич: Деловен стил со патики (доколку е дозволено)
•
27 февруари 2023
Доколку работите на место каде немате некој одреден дрес код, патиките можат да бидат дел од вашиот деловен стајлинг.
Иако на прв поглед ќе помислите дека е тешко да се искомбинираат, ќе ве убедиме токму во спротивното.
Ако ја саката удобноста, тогаш комбинациите на патики со блејзер, кошула, миди здолниште, костум и панталони, како и мантил можете слободно да ги вклучите во деловниот стајлинг.
Останува само да додадете квалитетна чанта и подготвени сте за работните обврски.
Фото: Pinterest