TIME ги одбра 12-те највлијателни жени на годината

9 март 2023

Престижниот TIME магазин ја продолжува својата традиција од минатата година за избор на највлијателни жени во светот. 

На листата 12 жени кои дале огромен придонес во своето поле, се најдоа дами од разни области, вклучувајќи актерки, новинарки, активистки ширум светот, кои храбро истапиле и направиле многу за своите каузи.

Секоја чест за овие дами.

Кејт Бланшет

Оскаровката и една од најдобрите глумица на денешницата се најде на оваа листа за нејзината заложба како амбасадор на UNHCR.

Агиша Сидика

Сидика е 24 годишна активистка за човекови права и поет.

Меган Рапино

Професионална фудбалерка, која што игра за националниот тим на САД.

Фиби Бриџерс

Бриџерс е 28 годишна композиторка и феминистка која се залага за право на абортус.

Квинта Брансон


Брансон е писателка, актерка и продуцентка.

Анџела Бесет

Номинираната за оскар актерка, има испишано филмска историја.

Макико Оно

Оно е сопственик на највредната компанија во Јапонија што има жена на чело.

Масих Алинеџад


Новинарка од Иран, која била протерана од државата поради нејзината борба против опресивниот систем.

Олена Шевченко

Активистка од Украина предводник за правата на LGBTQI заедницата.

Аниел Франко


Франко е министерка за расна еднаквост во Бразил

Рамла Али

Боксерка и активистка, непобедена во својата категорија. Али, 33, има и свој клуб за поддршка и тренинг на жени од ранливи категории.

Вероника Круз Санчез


Вероника е 52 годишна активистка за репродуктивни права.

Фото: Instagram

Објавено:
9 март 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
234 пати