Шерон Стоун емотивна и гласна за свесноста за ракот на дојка на хуманитарна гала

21 март 2023

Користејќи го својот глас и статус на една од најобожуваните холивудски актерки, 65-годишната  Шерон Стоун се обидува да ја покрене свеста за ракот на дојка и во тој контекст деновиве присуствуваше на хуманитарната гала „Women's Cancer Research Fund Gala" каде одржа и говор.

„Имав тумор поголем од моите гради. Беа сигурни дека не може да го имам тој тумор без истиот да биде рак. Но, не беше! Влегов во болницата и им реков: 'Ако ме отворите и ако е рак, ве молам сечете ми ги двете гради, бидејќи јас не сум личност која ја дефинираат градите", потенцираше актерката во емотивниот говор, присетувајќи се на нејзини блиски личности кои за жал ја изгубиле битката.

Притоа, таа особено даде фокус на тоа колку е значајна навремената реакција и дека редовните прегледи навистина спасуваат живот.

На настанот, Шерон Стоун се појави во маслинесто зелена тоалета од Yousef Akbar, прикажувајќи уште еднаш зошто е една од омилените музи на дизајнерите и една од највлијателните модни икони од нејзината генерација холивудски актерки.

Фото: People

 

 

Објавено:
21 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
170 пати