Фотографијата што ве натера да кликнете и да го отворите текстот не е нова. Но, за жал секогаш е актуелна. Октомври се бои во розово. Овој месец е посветен за кревање на свеста за ракот на дојката, а жените на фотографијата се борци кои успеале да го победат.
Во продолжение ќе прочитате некои од најраспространетите митови за оваа болест, како и податоци за нејзиното ширење.
Митови
1. Мамограмот може да придонесе за ширење на ракот на дојка
Мамограмот или икс-зраците на градите помагаат при рано детектирање на ракот на дојдката. Компресијата на градите за време на мамографијата не може да го предизвика ширењето на ракот на дојка. Според Националниот Институт за Рак во САД, бенефициите од мамограмот речиси секогаш ги надминуваат потенцијалните штетни дејства од радијацијата. Исто така, се работи за многу мала доза радијација и ризикот е екстремно низок. Се препорачува жените со почетокот на 40-тите, а според новите податоци и жените во 30-тите, еднаш годишно да одат на ваков преглед.
2. Ако во семејството некој бил заболен, и вие ќе заболите
Иако жените кои имаат семејна историја со оваа болест спаѓаат во групата со поголем ризик, најголем број од жените што имаат или имале рак на дојка немале никој заболен во семејството. Статистиката вели дека само 10 проценти од заболените имале семејна историја со болеста.
-Ако некој од најблиските (родители) имал рак на дојка: Ако имате мајка, ќерка или сестра која имала рак на дојка пред 50-тата година, треба да размислите за редовни прегледи и тоа десет години пред возраста на која им била дијагностицирана болеста на вашите најблиски. На пример, ако на вашата мајка ѝ е откриен во 40-тата година од животот, вие прегледите започнете ги уште на 30 години.
-Второ колено: Ако вашата баба или тетка имале рак на дојка, ризикот се уште е висок, но не толку колку во првиот случај.
-Ако имате повеќе генерации со рак на дојка од иста страна на семејството или има неколку индивидуи на кои најблиските им биле заболени или имате неколку членови во семејството кои заболеле од рак на двојка под 50 година, шансите да заболите се големи, бидејќи постои семејна историја.
3.Ако имате генетска мутација на BRCA1 или BRCA2 детектирана во вашата ДНА, дефинитивно ќе заболите од рак на дојка
-Според Националниот Институт за канцер во САД, а врз основа на семејствата кои имаат BRCA1 или BRCA2, не секоја жена во таквите семејства ќе има BRCA1 или BRCA2 мутација и не секој рак во ваквите семејства се поврзува со штетна мутација на еден од овие гени. Исто така, не секоја жена што има штетен BRCA1 или BRCA2 ќе добие рак на дојка или рак на јајници. Но, жените што ја наследиле штетната мутација на BRCA1 или BRCA2 имаат пет пати повеќе шанса да заболат од рак на дојка од жените што немаат такви мутации. Исто така, за луѓето кои откриле дека имаат вакви мутации, постојат разни заштитни мерки што можат да го намалат ризикот од заболување, меѓу кои хормонски терапии, но и масектомија доколку е потребно
4. Антиперспирантите или дезодорансите можат да предизвикаат рак на дојка
-Ова е апсолутен мит. Ниту една континуирана употреба на овие препарати може да се поврзе со развивање на рак на дојка.
Факти
Македонија: Во исчекување на најновите податоци околу бројката на заболени жени и мажи од рак на дојката, ве потсетуваме на податоците за 2018 година. Од рак на дојка во Македонија годишно умираат 279 жени, или 27 на 100.000. Најголем број од смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години. Минатата година се регистрирани 218 случаи на рак на дојка кај жени и четири кај мажи. Петнаесет нови случаи се пријавени кај млади жени на возраст под 40 години.
– Сите жени на возраст од 50 д 69 години кои немаат симптоми имаат можност да направат бесплатен мамографски преглед заради евентуално откривање на ракот на дојка во неговиот претклинички стадиум. Предност имаат жените кои ќе бидат повикани, а немаат регулирано осигурување. Доколку не успеат да добијат термин оваа година, програмата продолжува и следната година, што значи можностите се обезбедени, посочи Елена Ќосевска, раководител на Секторот за промоција, анализи и следење на незаразни болести при Институтот за јавно здравје на минатогодишната прес-конференција по повод октомври, месецот за превенција на ракот од дојка.
Мамографски прегледи се прават во 22 јавни здравствени установи, во Здравствената станица Железара, девет здравствени домови, осум општи болници, три клинички болници и во Универзитетската клиника за радиологија каде има дигитални и аналогни мамографски апарати.
- Три до четири жени дневно заболуваат од рак на дојка. Имено, од системот пресметавме дека 1356 нови случаи се појавиле во 2018 година, кои не биле евидентирани во 2017, и ако се подели со денови во годината просекот е 3.7. Во периодот од 01.01.2017 година до 30.09.2018, во Националниот систем за електронски евиденции се евидентирани 60.787 прегледи за 8.157 пациенти заболени од малигна неоплазма на дојка. Најмладата пациентка има 17 години, а најстарата 97 години. Вкупниот број на жени со дијагностициран рак на дојка за кои во 2018 година е евидентиран преглед во Националниот систем е 6.200.
Европа: Една од пет жени под 40-тата година ниту еднаш не биле да се прегледаат. Ракот на дојка за многумина е се уште срамотна тема за која не сакаат ниту да зборуваат и не знаат ни со што се соочуваат, е резултатот од најновите светски истражувања, а пренесува „The Sun“.
-21 процент од жените во Британија пдо 40 години не направиле преглед никогаш, е резултатот кој го даде истражувањето на компанијата „Есте Лаудер“ извршено на 2.017 жени во Британија, над 18 години.
-Само седум проценти од жените помеѓу 60 и 69 години не се прегледале никогаш
-37 проценти од жените ја наоѓаат оваа тема за срамотна. 22 проценти пак, особено оние на возраст помеѓу 18 и 29 години велат дека им е срам да се отворат за болеста. 37 проценти воопшто никогаш не ни зборувале на тема превенција од рак на дојка.
-Само 33 проценти од жените биле запознаени со сите точни симптоми на рак на дојка
Австралија: Најновите истражувања во Австралија покажале дека секој ден осум жени умираат од рак на дојка, а прогнозите се дека до 2030 година, таа бројка би можела да достигне и до 30.000 жени. Со губењето на животи, самата држава би била во загуба од две милијарди само од оваа година.
Се смета дека сите ракови се јавуваат поради мали промени (мутации) во гените. Мутации кои предизвикуваат рак на дојка немаат една единствена причина. Генетски и еколошки фактори, како и начинот на живот играат улога во добивањето на рак на дојка.
Ризик фактори :
– 80% од ракот на дојката се наоѓа кај жени над 50 годишна возраст.
– фамилијарна историја на рак на дојка кај мајка или сестра.
– поседување на BRCA1 и BRCA2 гени. Жените со овие гени опфаќаат 5 до 10% од случаите на рак на дојката и имаат 80% шанси за развој на рак на дојка во некој период од животот.
– историја на абнормални биопсии на дојките од претходна историја на рак на дојка.
– добивање прва циклус пред 12 години или навлегување во менопауза по 55 години.
– немање деца или добивање на првото дете по 30 годишна возраст.
– секојдневно консумирање два или повеќе алкохолни пијалаци.
– дебелина и високомасна исхрана.
– изложеност на дојките на радијација (на пример, во третман на други типови на рак).
– постменопаузална хормонска заместителна терапија (HRT) со комбинација на естроген / прогестерон лекови. Естрогенот сам по себе не го зголемува ризикот. Колку подолго жената користи HRT, толку повеќе го зголемува ризикот.
Покрај тоа, некои други аспекти од исхраната и начинот на живот во западните земји можат да бидат одговорни за повисоки стапки на рак на дојка во овие општества. На пример, ароматичните јаглеводороди во тутунот и некои јаглеводороди во многу готвеното месо може да делуваат како канцерогени. Нитратите кои се користат при конзервација на месо исто така се мисли дека се канцерогени. Доењето најмалку една година го намалува ризикот. Оваа активност што ја прават само мал процент од жените во индустријализираните земји, се чини дека има заштитен ефект против ракот на дојката. Иако многу фактори можат да го зголемат ризикот од развој на рак на дојка, некои жени со повеќе фактори на ризик не развиваат болест, а околу 70% од жените кои добиле рак на дојка не покажуваат фактори на ризик.
Сепак, доењето, повеќе од една година, со умерено вежбање, како што се одење десет часа неделно, диета со малку заситени (животински) масти и многу овошје, зеленчук и цели зрна се покажа во неколку студии дека го намалува ризикот од развој на рак на дојка.