Деловен стил - панталони во боја

5 април 2023

Ако сте веќе заситени од неутралните бои во деловниот аутфит, време е за малку повеќе колорит. 

Најлесен начин за да додадете впечатлива боја во стајлингот е да започнете со едно обоено парче. Тоа може да биде блејзер, кошула или пак панталони.

Панталоните во боја можете да ги стилизирате со бела, црна или беж нијанса што веќе ја имате дома.
На овој начин ќе додадете малку повеќе енергија и разиграност на деловната облека.

Ако сакате да споите повеќе бои тогаш внимавајте само на комбинацијата. Боите треба да се дополнуваат, а не да се одбиваат.

Малиот фото водич во продолжение ќе ви биде од помош.

Фото :Instagram, Pinterest

Објавено:
5 април 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.089 пати