Ако сакате да внесете забавна нота и доза на необичност во вашиот секојдневен стил, актуелната хит „униформа" во уличната мода: кошула + корсет е комбинацијата која ви е во прилог.
Од поп културата во 90-те, оваа тенденција ни се враќа модернизирана и впечатлива, доволно флексибилна да се прилагоди во различни стилски варијации од свечени и коктел изгледи до деловни аутфити.
Тенденциите во модата секогаш се одраз на актуелностите во сите слоеви на културата, па сигурно и популарноста на серијата „Бриџертон", како и имиџот на поп-рок атракцијата Манескин имаат свое влијание во повторното популаризирање на спојот корсет врз кошула.
Овој тренд има своја екстремна врзија, како бунтовничката во примерот со Манескин, но истовремено може да добие една многу смирена, елегантна и суптилна нота, ако во комбинацијата вклучите сведени кроеви и неутрални нијанси.
Секој во свој стил, може да пронајде инспирација во нашите предлози во продолжение.