Ѕирнете во новата куќа на Бред Пит

12 април 2023

Бред Пит има уште еден дом. Популарниот актер купи куќа во Лос Анџелес по цена од 5,5 милиони долари. Иако ова нема да биде главната резиденцијата на Пит, сепак зданието е прилично импресивно.

Куќата, којашто е во форма на буквата L е изградена во 1960, а се нарекува и "Steel House", куќа од челик, токму поради екстериерот којшто е изработен од челик и стакло.

Градбата се простира на површина од 2.092 метри квадратни и има три спални соби и две бањи, базен и голем двор, а благодарение на големите прозорци сето ова може да се види од внатрешноста.

Освен тоа куќата вклучува сауна, винтиџ камин и ред останати удобности за една голема ѕвезда.

Фото:Instagram

Објавено:
12 април 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
338 пати