(Видео) „Home alone“ – нова песна и спот на Јана Бурческа по шест години пауза
„Home alone" е насловена новата песна проследена со модерен видео запис со која Јана Бурческа по шест години пауза се враќа на матичната музичка сцена.
Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и Јана Бурческа, која го напиша и текстот за песната. Звукот на „Home alone" е мастериран од германскиот инженер на звук Рој Реклиз.
Видео записот што беше промовиран вчера во пријатниот простор на Аудиокултура, го режираше Ѓорги Вацев.
Јана, која во меѓувреме стана мајка на две деца, во своето обраќање пред бројните гости од музичката и медиумската фела, потенцираше дека сега е подготвена конечно да се врати на музичката сцена.
Во 2017 година, Јана ја претставуваше Македонија на Евровизија со „Dance alone" кога на сцена пред милионската публика и откри дека е бремена со нејзиното прво дете.