Улична мода: Моден филм на улиците на Кан
•
19 мај 2023
Модниот филм на улиците на Кан деновиве, привлекува исто толку внимание колку и модното дефиле на црвената патека на престижниот Кански филмски фестивал.
Градот деновиве е претворен во филм и мода.
Убав микс преку кој се прави паралела меѓу формалниот и неформалниот изглед на ѕвездите кои сега тука се присутни во голем број.
Интересно е да се види како гостите на фестивалот, преку ден ја претвораат француската ривиера во модна писта која е подеднакво впечатлива и елегантна, како и формалната мода на фестивалот, но во далеку полежерна димензија.
Ума Турман, Хелен Мирен, Бри Ларсон меѓу стилските фаворити...
Фото: Профимедиа