Запознајте ја хрватската Тоскана - идеално место за сите романтичари

29 мај 2023

Доколку ја сакате романтиката, природата и доброто вино, тогаш ја имаме идеалната дестинцијата за вас. Станува збор за винарија што вклучува и замок, а имотот е наречен Dvorac Belaj.

Се наоѓа во малото место Церовље во Хрватска и токму поради своите карактеристики го нарекуваат и хрватска Тоскана.

Дворецот е опкружен со винова лоза, којашто се простира на површина од 12 хектари.

Дворецот Белај денес е дел од историското наследство на Хрватска и дестинација којашто ја посетуваат вљубениците во историјата, природата, истарската кујна и доброто вино.

Винарството е длабоко вткаено во историјата на овој дворец, па не мора да се грижите за квалитетот - виното се преработува и одлежува на самиот имот.

Идеален е за венчавки и за романтични излети, па доколку ве носи патот натаму, посетата на дворецот Белај нека биде на вашата листа.

Објавено:
29 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
574 пати