Новиот, дрзок каталог на Кристијан Лубутан

11 ноември 2013

Луксузниот бренд за чевли Лубутан претстави само една фотографија од новиот каталог за последната колекција и мора да признаеме дека навистина не остави да чекаме...

На фотографијата што ќе биде дел од каталогот за есен зима 2014, главни ѕвезди се неодоливите „Кени“ сандали. Моделот на фотографијата во раката ја држи и торбичката на Мина Напа во рок стил.

На фотографијата, силната Лубутан жена го покорува нејзиниот машки противник, а во фокусот се овие прекрасни сандали со потпетица од 12 сантиметри.

Во исчекување на каталогот, погледнете ја и уживајте во последната колекција есен/зима 2013 на миленикот на жените Лубутан.

Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци