Елена Трајановска е главна хероина во новиот каталог на Mercedes Benz

29 август 2014

Македонскиот топ модел  со светска кариера, Елена Трајановска веќе два месеци е во Њујорк под водство на светската модна агенција Woman каде успешно ја гради својата интернационална кариера. После различните ангажмани помеѓу кои и за реномираното списание Elle, како и улогата на ново лице за козметичката куќа MAC, последниве два дена Елена неуморно работеше за новиот каталог на престижниот Mercedes Benz каде е главен лик во најновата кампања која промотивно ќе се појави во Февруари со два нови модели на истоимената компанија.

Како што ни изјавија од нејзината матична агенција Моделс ИН,  Елена во моментов е презафатена со модната недела во Њујорк каде работи на ревиите со најнови колекции за предстојната Есен/Зима.

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Актуел