Адриана Лима денес полни 42 години

12 јуни 2023

Адриана Лима е еден од најпознатите ангели на Викторија Сикрет и се вбројува во најуспешните модели на глобално ниво.


Бразилката, која е родена на денешен ден пред 42 години, работеше за познатиот бренд за долна облека од 1999 до 2018, односно најдолго од сите останати модели.

Токму поради тоа во 2017 ја прогласија за највредниот модел на Викторија Сикрет.

Убавицата со темна коса и сини очи, како дете не ни помислувала да се занимава со моделинг, но судбината имала поинаков план.

Беспрекорниот изглед и ги отворил вратите на модните агенции, а модните куќи и голем број други компании сè уште ја бараат за рекламни кампањи.

Од 2003-та па наваму Лима е заштитно лице за козметиката на брендот Maybelline, а исто така и амбасадор за IWC, Puma, и Chopard.

Во една прилика Адриана има изјавено дека пред да стане модел сакала да работи како педијатар.

Нејзиниот приватен живот е еднакво интересен како и професионалниот. Лима две години беше во врска со популарниот музичар Лени Кравиц, а двојката планираше и брак.

Таа врска пропадна па моделот во 2009-та, се омажи за српскиот NBA играч Марко Јариќ со кој има две ќерки.

Парот во 2016 се разведе, а за неколку години Адриана повторно пронајде љубов.

Лима и филмскиот продуцент Андре Лемерс се сè уште заедно, а лани добија и синче.

Во чест на роденденот го издвојуваме најдоброто од неа...

 

 

 

Фото :Pinterest

Објавено:
12 јуни 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
520 пати