Софија Вергара и Аријана Гранде се разведуваат од своите партнери

18 јули 2023

Софија Вергара по речиси осум години брак се разведува од својот сопруг, италијанскиот актер Џо Манганело.

Актерката, 51, неодамна го прослави својот роденден во Италија, без соругот, но и без венчалниот прстен.

Двојката важеше за една од најубавите и најскладни во Холивуд. Софија и Џо се венчаа во Палм Бич, Флорида во ноември 2015 година.

Во меѓувреме уште еден познат пар објави дека се разведува. Пејачката и актерка Аријана Гранде се разведува од својот сопруг пејачот Далтон Гомез.

Парот беше во брак две години, а според тамошните медиуми од јануари двајцата веќе не живеат заедно.

Аријана беше забележана и на Вимблдон викендов, а очигледно беше дека недостасува прстен на левата рака.

Пејачката моментално работи на серијата Wicked, а се претпоставува дека големата оддалеченост со месеци придонела за заладување на односите.

Гранде и Гомез се земаа во мај 2021 во присуство само на 20 гости.

Фото:Pinterest

Објавено:
18 јули 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.042 пати