Што најдобро одговара на исончан тен?

31 јули 2023

Исончаниот тен е она што многумина сакаат да го постигнат за време на летото.

Кожата првенствено треба да е здрава, чиста и да изгледа убаво. Грижата треба да биде на прво место, а потоа да се потрудиме за тенот.

Оние кои го сакаат сончањето, сакаат и тенот подолго да им трае и секако повеќе да го истакнат.

Боите што можеби најмногу одговараат со исочан тен се топлите нијанси од типот на корално црвена, портокалова и светло жолта.

Тука можеме да ја вброиме и топлата розова боја, како и нијансите на зелениот лимон.

Целата палета на сини нијанси ја акцентира исончаната кожа притоа правејќи да изгледате софистицирано.

Колку е посветла сината толку повеќе ќе се истакне и тенот.

Не ги заборавајте и ноктите. Вистинската нијанса ќе ја потенцира вашата исончана кожа на дланките и стапалата постигнувајќи го ефектот што го сакате.

Модните додатоци како златен накит исто така го нагласуваат потемнетиот тен и ве обвиваат со чувство на луксуз. 

Одберете ја вашата нијанса и заблескајте.

 

Фото :Pinterest

Објавено:
31 јули 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
876 пати