Модната куќа Chloé jа претстави ексклузивната ready-to-wear колекција за којашто соработуваше со Atelier Jolie брендот на Анџелина Џоли.
Линијата која што ја дизајнираше Џоли заедно со сега веќе екс-креативната директорка на Chloe, Габриела Херст се состои од долги, елегантни едноставни фустани, блејзери, маички и слични парчиња со лежерен крој.
View this post on Instagram
Колекцијата ги комбинира елегантниот потпис и мајсторството на Херст со префинетиот минимализам на Џоли.
Инспирација за креациите е женственоста во сите нејзини облици.
Позначајни дизајни од колекцијата се неколку парчиња од гардероберот на актерката, бел везен фустан што го носела како дете, а сега го носи но како маичка и црна наметка од сомот.
Палетата на бои е неутрална беж, црна и бела дизајнирана за различни нијанси на кожата.
Колекцијата меѓу другото вклучува и црни сомотски панталони, триделен блејзер од волна, црни потпетици, како и неколку модни додатоци.
Најмалку 80% од материјалите се еколошки и не ја загадуваат околината.
Фото Chloé