Гумени чизми и дожд
•
8 ноември 2023
Дождот и не ни е така омилен особено кога имаме обврски во текот на денот.
Но, за среќа, тука се гумените чизми кога најмногу ни требаат, а што е уште подобро ги имаме во различни бои и дезени и сите подеднакво го сакаат дождот.
Треба само да ја одбереме омилената топла облека, џемпер, кардиган, шал, капа омилениот мантил, капут или јакна и она што ќе ја заокружи есенската комбинација за врнежлив ден – гумени чизми.
Можеби порано важеле за само практичен пар чевли за заштита од дожд, но денес се многу повеќе од тоа – верен тренди пријател секогаш кога врне.
Фото: Pinterest