Избравте вашата венчавка да биде во месеците кога ненадејните есенски дождови можат да ве изненадат токму на вашиот посебен ден. Се пробудивте и низ прозорот видовте дека врне дожд и сфативте дека вашиот ден нема да биде еден од оние убави сончеви есенски денови. И што? Време е работите да ги преземете во свои раце и ова да го направите заедно со вашиот партнер. Прво и основно, набавете повеќе чадори.
Фотографиите од вашата венчавка дури може да изгледаат и многу по романтично на дожд. За вас имајте некои убави и модерни чадори што ќе ја надополнат вашата љубовна приказна. Исто така барем додека сте на отворено облечете гумени чизми и заборавете на високите потпетици, оставете ги за подоцна во текот на вечерта. Дождот на венчавката е совршено време кога можете да изведете драматични фотографии. Не гледајте на дождот како негативна појава на овој ден, тој може да ја збогати венчавката и да ја направи незаборавна. Во продолжение погледнете неколку фотографии од кои ќе заклучите дена и не е толку лошо ако врне.