И Вивијан Вествуд ќе го открие својот живот

15 ноември 2013

Vivienne-Westwood-by-Andy-Gotts-vogue-14nov13-b_426x639

Вивијан Вествуд ќе ги објави своите мемоари во октомври следната година. Ова воедно ќе бидат и првите мемоари некогаш напишани од неа, а својата доверба да ја раскаже нејзината животна приказна, ќе му ја даде на нејзиниот пријател и познат биографичар, Јан Кели.

„Живеењето заслужува почит. Смртта ја заслужува вистината. Јан и јас работиме заедно на ова и возбудена сум што ова ќе биде мојата приказна, приказна каква што никој не направил претходно“, изјави Вествуд.

Книгата ќе вклучува и придонес од семејството на Вествуд, нејзините познати пријатели, како и имиња кои не се познати, и нема да бидат откриени се уште. Мемоарите ќе направат осврт на рзвојниот пат на нејзината кариера, од тоа кога била наставничка во основно училиште, до моментот кога станува едно од најпознатите и најбунтовничките дизајнери.

Вествуд е позната и по нејзината страст кон еко кампањите, како и по нејзиното панк влијание во модата.

„Вивијан е многу повеќе од она што на прв поглед можете да го видите. Таа е силно и страсно поврзана со човековите права, еко-политиката, но без оглед на тоа, јас ќе ја кажам вистината за креаторката чија облека и лице сите го знаат, но сега ќе имаат прилика да дознаат за нејзиниот интимен дел“ - вели Кели.

Објавено:
15 ноември 2013
Категорија: 
Сцена