Божиќната ѕвезда е едно од најбараните цвеќиња за празниците. Неговата силна црвена боја, како и ѕвездестата форма едноставно не мамат да го имаме во нашите домови.
Растението потекнува од Мексико и Гватемала, а станало популарно за празниците благодарение на кадифестите црвени листови.
Цвета пред Божиќ и додека е во оваа фаза треба да се чува на малку пониска температура од 12 до 14 степени.
Добро е да го сместите на светло место (близу прозорецот) и да биде онаму каде што воздухот е влажен.
Иако омилена и најзастапена е црвената варијанта, во светот постојат повеќе од видови на Божиќна ѕвезда.
Го има во бела, кремава, розова, виолетова, портокалова, жолта боја, како и во двобојни и повеќебојни верзии.
Обоените делови од цвеќето всушност се листови, а истото може да достигне рекордна висина од 4,5 метри.
Еве како може да изгледа неговата празнично-раскошна убавина во вашиот дом.
Фото: Pinterest