Креативната директорка на Диор, Марија Грација Кјури е добитничка е престижната награда Neiman Marcus, којашто се доделува за истакнат придонес во областа на модата.
И самиот Диор е добитник на истото признание, а сега со него се потврдува големиот талент на дизајнерката и нејзината доследност на креативниот израз на Кристијан.
Кјури долги години создава колекции коишто таргетираат жени со изразен статус во општеството.
Дизајнерката од самиот старт имаше јасна визија, пренесувајќи ја преку нејзиниот остар и продорен лик, за да финишира во уникатни изработки што заслужуваат почит.
View this post on Instagram
За себе знае да каже дека е фиминистка, а неретко се појавува и со натписи на облеката со коишто само го потврдува ставот.
Од 2016-та кога ја стартуваше својата кариера во модната куќа, Марија, ги следи првобитните ставки на дизајнирање креирани од Кристијан Диор.
Кога Диор ја доби истата награда, најзаслужна беше неговата прва колекција The New Look, која остави огромен печат дефинирајќи ја модата во тоа време. Колекцијата ги прослави заоблените раменици, тесниот струк и таканаречените полни здолништа.
Кјури за престижната награда изјави дека е голем поттик да продолжи со создавање на платформа на којашто ќе се слушнат гласовите и на другите жени.
Признанието го посвети на активистката и авторка Микели Мурџа која е нејзина пријателка и бескрајна инспирација.
View this post on Instagram
View this post on Instagram