Зошто ова волнено парче го "преплави" Инстаграм?

20 февруари 2024

Модните блогерки имаат ново омилено парче за преодната сезона. Станува збор за блејзер (џемпер, капут) изработен од мохер волна, која што со себе носи елеганција и отменост.

Освен тоа овој материјал е толку мек, топли, не се гужва и е погоден за оние со осетлива кожа. Инстаграм е преплавен со ова волнено парче коешто поради својата текстура има таканаречен brushed изглед, којшто ги привлече модните ентузијасти.

Мохер е вид на волна којашто се добива од крзното на козата Ангора. Нејзиното потекло е од Тибет, каде што и живее овој вид на животно.

Во 16-от век префинетиот материјал стигнува во Турција, од каде, со текот на времето, се проширува во целиот свет.

Сјајниот изглед, издржливоста на волнените влакна, мекоста, леснотијата и топлината се само некои од карактеристиките на мохер волната.

Специфичната текстура додава димензија во секоја комбинација, а подеднакво добро можат да се спојат со класична, но и со поалтернативна облека.

Ваше е само да се одлучите дали сакате струкиран блејзер, oversized џемпер или мохер brushed капут.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (haaannajohansson)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Irma Oganova (hey_irma)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nelife (nelifer_nelifer)

Објавено:
20 февруари 2024
Категорија: 
Тренд